Поглавје 1: Вовед и општи информации

Текстуални модули

Информации за заштита на податоци

За нас и нашата веб-страница

Ние, BSH Апарати за домаќинство д.о.о. Назарје, Савињска улица 30, 3331 Назарје, управуваме со оваа веб-страница. Ве молиме користете ги информациите дадени на страницата Информации за компанијата за да контактирате со нас.

Ако стапите во контакт со нас, ќе ги зачуваме и обработиме информациите што ќе ни ги дадете со цел да одговориме на вашето барање и на какви било дополнителни прашања. Имаме законска дозвола за обработка на податоци добиени во тој контекст (член 6 (1b) од Регулатива (EU) 2016/679). Вашите податоци ќе бидат избришани по обработката на вашето барање.

Наши водечки принципи
Ние сериозно се грижиме за заштита на вашите податоци. Поради тоа, вашите податоци се обработуваат внимателно и во строга согласност со соодветниот закон за заштита на податоци. Беа преземени организациски и технички безбедносни мерки за заштита на сите наши веб-страници од ризиците при обработка на личните податоци. Нашите партнери кои нè поддржуваат во обезбедувањето на оваа веб-страница исто така мора да работат согласно овие одредби.

Што се евидентира како стандардно
Можете да ги користите сите области на нашата веб-страница што не се заштитени со дозвола за пристап без да го откриете вашиот идентитет. Ние ја евидентираме секоја употреба на нашата веб-страница како стандард за да ги отстраниме грешките и да ги разјасниме безбедносните инциденти. Повеќе информации за нашите евидентирани податоци може да најдете во поглавјето „Како ги обработуваме вашите податоци“.

Кои дозволи ги имаме за обработка на вашите податоци
Ние ја почитуваме вашата приватност. Последично, ние ги обработуваме вашите податоци само кога тоа ни е дозволено. Се разбира, исто така можете да ни дадете дозвола за обработка на вашите податоци со тоа што ќе се одлучите за обработка на податоците на нашата веб-страница. Во останатите случаи, ги обработуваме вашите податоци бидејќи тоа ни е законски дозволено. Ако, на пример, порачувате преку нашата веб-страница, нам ни е дозволено да ги обработуваме вашите податоци со цел да го исполниме тој договор. Истото се однесува кога користите други услуги на нашата веб-страница за кои е потребна обработка на вашите податоци. Исто така, имаме право да ги обработуваме вашите податоци кога постои легитимна причина за тоа. Еден таков пример е собирањето на евидентирани податоци за да се осигураме дека нашата веб-страница работи без проблеми, меѓу другото. Во секој случај, ние ќе ве информираме дали се извршила каква било релевантна обработка на вашите податоци и вашите интереси се земаат во предвид секој пат кога податоците се обработуваат како дел од постапка. Во случај да имате причина за жалба, можете да ги најдете вашите права во врска со обработката на вашите податоци во вториот дел од овие Информации за заштита на податоци.

Дозволите кои ги користиме и во кои случаи се истите искористени се наведени во следното поглавје. Подетални информации за тоа како вашите податоци се собираат, обработуваат и користат на нашата веб-страница (т.е., видот, обемот и целта на обработката на податоците) можете да најдете во истиот дел.

Што друго треба да знаете:
Корисници под 16 годишна возраст може да ни пренесат лични податоци само со согласност од нивниот родител или законски старател. Соодветниот закон за заштита на лични податоци може да содржи различни старосни ограничувања во врска со ова прашање.

Нашата веб-страница може да содржи линкови до други веб-страници. Ние немаме никакво влијание врз начинот на кој вашите податоци се обработуваат на овие веб-страници или нивната усогласеност со одредбите на заштита за податоци. Ве молиме информирајте се за Информациите за заштита на податоци кои ги нудат.

Краток опис

Едноставно и концизно

Нашите контактни информации можете да ги најдете на страницата Информации за компанијата.
Ние и нашите партнери ги употребуваме најсовремените технички заштитни мерки за заштита на вашите податоци

Ние ги обработуваме вашите податоци само кога тоа ни е дозволено

Поглавје 2: Обработка на податоци на веб-страницата

Како ги обработуваме вашите податоци (записници, колачиња, следење, итн.)

Евидентирани податоци

Поради технички причини, секој пат кога вашиот интернет прелистувач ќе пристапи до нашата веб-страница, тој автоматски испраќа информации до нашиот веб-сервер (т.е. евидентирани податоци). Дел од овие информации се зачувуваат во датотеки на евиденција, како што се:

• Датум на пристапот
• Време на пристапот
• URL од поврзувачката веб-страница
• Датотеките што се пристапени
• Обемот на пренесените податоци
• Видот и верзијата на прелистувачот
• Оперативниот систем
• IP адресата (анонимно)

Податоците за евиденција не содржат лични податоци. Како генерално правило, ние анализираме податоци за евиденција само за поправање на грешките во работата на нашата веб-страница или за разјаснување на безбедносни инциденти. Податоците за евиденција се трајно зачувани.

Понекогаш ни е потребно да собереме дополнителни лични податоци како и податоци за евиденција за
поправање на грешки или зачувување на докази во врска со безбедносни инциденти. Во овие случаи, имаме законска дозвола за обработка на податоците за евиденција (член 6 (1f) од Регулатива (EU) 2016/679). Ние ги бришеме овие податоци откако грешката е поправена или откако безбедносниот инцидент е целосно разјаснет, или пак ако примарната цел за обработка на истите повеќе не постои поради други фактори. Во случај на безбедносен инцидент, податоците за евиденција ги предаваме на истражните органи во зависност од секој поединечен случај и од дозволата.

Податоците за евиденција секогаш ги зачувуваме посебно од другите собрани податоци што се однесуваат на употребата на нашата веб-страница.

Податоците за евиденција ги користиме за решавање на проблеми или разјаснување на безбедносни инциденти

Регистрирање на нашата веб-страница

Можете да се регистрирате како корисник на нашата веб-страница. Регистрацијата е потребна ако сакате да добиете пристап до дополнителни услуги. Ние ги собираме и обработуваме следните детали како дел од процесот на регистрација:
Потребни детали: 

• Наслов
• Име и презиме
• Целосна поштенска адреса
• Телефонски број
• Aдреса на е-пошта
• Лозинка

Изборни детали:

• Мобилен телефонски број
• Датум на раѓање
• Причина поради која нè барате
• Согласност за примање рекламен материјал.

Имаме законска дозвола за обработка на вашите лични податоци за да обезбедиме персонализирани услуги (член 6 (1b) од Регулатива (EU) 2016/679). Податоците од регистрирани корисници ги чуваме се додека корисникот ја избрише својата сметка. Корисниците со соодветно овластување може да ја избришат својата сметка во кое било време преку нивната корисничка сметка. Корисничката сметка, исто така, им овозможува на корисниците во кое било време да променат или избришат одредени информации дадени при регистрирањето.
Секако дека, на ваше барање, ќе ве информираме за податоците кои ги имаме за вас. Исто така, со задоволство ќе ги поправиме неточните информации или ќе ги избришеме информациите што ги имаме на ваше барање, под услов да не е забрането бришење според условите на нашите законски обврски за задржување на одредени информации. За вакво барање, Ве молиме користете ги контактните информации дадени на крајот од овие Информации за заштита на податоци.

Регистрираните корисници имаат пристап до дополнителни услуги и понуди

Билтен
Нашата веб-страница нуди можност за да се претплатите на нашиот билтен. Користиме процес на двократно одлучување за да потврдиме дали сопственикот на адресата на е-поштата е регистриран за примање на билтенот. За билтенот сте успешно претплатени само ако сопственикот на адресата на е-поштата експлицитно го потврди активирањето на билтенот со кликнување на линкот во е-поштата за потврда. Ние го евидентираме комплетирањето на поединечните фази од процесот на двократно одлучување со цел за докази.

Ако се претплатите за да го добиете нашиот билтен, и се согласувате да ви биде испратен, вашите податоци се користат само за испраќање на билтенот. Имаме законска дозвола за обработка на вашите податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Согласноста може да ја поништите во секое време. Линкот за тоа е вклучен во секоја копија од нашиот билтен. Ние ќе го забележиме фактот дека сте се откажале од билтенот во нашата база на податоци

Користиме процес на двократно одлучување за заштита на вашата адреса на е-пошта од злоупотреба од трети страни

Колачиња

Ние употребуваме колачиња. Колачиња се мали датотеки со текст што ги зачувуваме на вашата направа кога ја посетувате нашата веб-страница. Овие колачиња се праќаат назад кај нас секој пат кога ќе пристапите до нашата веб-страница. Ова, на пример, ни дозволува да ве препознаеме, или ви го олеснува управувањето со нашата веб-страница благодарение на информациите зачувани во колачињата.

Колачињата не може да се употребуваат за извршување програми или префрлање вируси во компјутер. Колачињата може да се прочитаат само од интернет серверот од кој потекнуваат.

Ние не ги споделуваме информациите што се зачувани во колачињата со трети страни без ваша експлицитна дозвола.

Нашата веб-страница можете да ја погледнете и без колачиња. Интернет прелистувачите се често нагодени за да прифаќаат колачиња. За да го спречите вашиот интернет прелистувач да користи колачиња, може (1) да се откажете од употребата на колачиња кога пристапувате до нашата веб-страница користејќи го слојот за колачиња (ако е достапен) или (2) да ја исклучите опцијата за користење на колачињата преку поставките во вашиот интернет прелистувач. Функциите за помош во вашиот прелистувач ви покажуваат како да ги исклучите и/или избришете колачињата во вашиот интернет прелистувач. Ве молиме имајте во предвид дека исклучување/бришење на колачињата може да предизвика одредени функции на нашата веб-страница да не работат како што се очекува. Колачињата што се потребни за одредени функции на нашата веб-страница се наведени подолу. Дополнително, исклучување/бришење на колачињата ќе влијае само на интернет прелистувачот преку кој се исклучени/избиршани. Затоа, исклучување/бришење на колачињата мора да се повтори кај кои било други интернет прелистувачи.
Колачиња што ги користиме за посебни функции што не се однесуваат физички лица:

  • Колачиња што чуваат одредени кориснички параметри (на пр. пребарување или нагодувања на јазик)
  • Колачиња што чуваат информации за да гарантираат беспрекорно повторно пуштање на видео или аудио содржина
  • Колачиња што привремено чуваат одредени кориснички внесови (на пр. содржина на кошница за купување или интернет формулар)

Колачиња што ги користиме за посебни функции што се однесуваат физички лица:

  • Колачиња што служат за идентификација или препознавање на нашите корисници

Имаме законска дозвола за обработка на податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Овие податоци ги чуваме додека колачето во прашање истече или додека не го избришете.

Секоја понатамошна обработка на лични податоци преку колачиња е наведена во соодветните делови во рамките на овие информации.

Нашата веб-страница користи колачиња кои ви обезбедуваат одредени функционалности

Веб-анализи преку псевдонимизирани кориснички профили

На нашата веб-страница користиме алатки за веб-анализа за разновидни цели. Подолу можете да најдете информации за алатките за веб-анализа што ги користиме, вклучувајќи го и описот на предметните податоци за процесирање, целта на таа обработка и како може да ја спречите алатка за веб-анализа да ги собира и обработува вашите податоци. Ве молиме имајте во предвид дека откажувањето на колачиња го спречува собирањето и обработката на Вашите информации од страна на алатки за веб-анализа само до одредена граница. Повеќе информации на таа тема можете да најдете во поглавјето за колачиња.

Вашата посета може да ни каже многу за привлечноста на нашата веб-страница ‒ ова е причината поради која ги користиме алатките за веб-анализа за континуирано подобрување на нашата веб-страница

Алатка за веб-анализа: Adobe Analytics (Omniture)
За да ги спроведеме маркетинг-истражување и истражување на пазарот и да ја прилагодиме нашата веб-страница (и по можност билтенот), ние користиме колачиња за анализа и/или JavaScript за собирање и обработка на податоците за користење поврзани со вашата посета на нашата веб-страница и користењето на линкови во билтенот (ако е применливо). Вашите податоци за користење се собираат и се генерира кориснички профил од овие податоци на основа на псевдоним, со помош на ID колаче. Вашата IP адреса, или не е воопшто регистрирана или е анонимна веднаш по регистрирањето како дел од овој процес.

Ја користиме услугата Adobe Analytics обезбедена од Adobe Systems Software Ireland Ltd., 4-6 Riverwalk, Citywest Business Park, Даблин 24, Ирска („Adobe“) за собирање на податоците за користење и генерирање на корисничките профили. Информациите во врска со вашата употреба на веб-страницата се префрлаат во Adobe сервери, се анализираат и се враќаат само како кумулативни податоци. Овие податоци ни овозможуваат да ги препознаеме трендовите и како генерално се употребува веб-страницата.

Не ги поврзуваме добиените кориснички профили со вашето име или со какви било други детали кои можат да го откријат вашиот идентитет, како што е Вашата адреса на е-пошта. Имаме законска дозвола за обработка на податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Податоците за користење се чуваат според искористената услуга максимум до 37 месеци од датумот на кој се собрани.

Откажување: Ве молиме употребете ја Adobe веб-страницата за откажување ако сакате да спречите собирање на вашите податоци за користење. Информации за начинот на работа на Adobe Analytics колачињата и опцијата за откажување можете да најдете на следниот линк: http://www.adobe.com/de/privacy/opt-out.html.

Алатка за веб-анализа: Adobe Test & Target
Со цел соодветно да ја прилагодуваме нашата веб-страница (и билтенот), ги собираме и обработуваме податоците за користењето поврзани со вашата посета на нашата веб-страница, користејќи аналитички колачиња и/или JavaScript. Вашите податоци за користење се собираат и се генерира кориснички профил од овие податоци на основа на псевдоним, со помош на ID колаче.

Ја користиме услугата Adobe Test & Target од Adobe Systems Software Ireland Ltd., 4-6 Riverwalk, Citywest Business Park, Даблин 24, Ирска („Adobe“) за собирање на податоците за користење и генерирање на корисничките профили.

Adobe Test & Target работи на база на A/B тестови. Ова значи дека на лицето кое ја користи нашата веб-страница му е прикажана различна верзија на веб-страницата од оригиналот (на пр., со изменети дизајн и содржина). Споредба на двете верзии ни дава информации за тоа која верзија на нашата веб-страница е најпосакувана од корисниците. При користење на Adobe Test & Target, единствената информација што се однесува на вас не може да се искористи за идентификација. IP анонимнизација е исто така активирана, што значи дека вашата IP адреса се скратува пред Adobe Test & Target да изврши понатамошни обработки. Не ги поврзуваме добиените кориснички профили со вашето име или со какви било други детали кои можат да го откријат вашиот идентитет, како што е вашата адреса на е-пошта.

Имаме законска дозвола за обработка на податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Податоците за користење се чуваат според искористената услуга максимум до 37 месеци од датумот на кој се собрани.

Откажување: Ве молиме употребете следете го следниот линк ако сакате да спречите собирање на вашите податоци за користење: http://bsh.tt.omtrdc.net/optout. Информации за начинот на работа на Adobe Test & Target колачињата и опцијата за откажување можете да најдете на следниот линк: http://www.adobe.com/de/privacy/opt-out.html.

Алатка за веб-анализа: ChannelSight

Можете да купите голем број наши производи директно преку соодветните хиперлинкови до соработувачките интернет продавници („Go to dealer’s website“). Ние користиме пиксели за следење и колачиња (на пример, следење на конверзија) за да евидентираме кога ќе бидете пренасочени на соодветната страница на производот во онлајн продавницата на продавачот, како и дали ќе го купите производот во онлајн продавницата. Податоците за користење собрани на овој начин се користат за проценка на функцијата „Go to dealer’s website“ (Посетете ја веб-страницата на продавачот), за цели на порамнување на провизија со онлајн продавницата на продавачот (т.е. маркетинг на подружница). Понекогаш, онлајн продавниците ни плаќаат провизија кога кај нив успешно ги пренасочуваме потенцијалните купувачи и корисници.

Го користиме провајдерот на услуги ChannelSight Ltd., Suite 3, Anglesea House, Carysfort Ave., Blackrock, Co. Даблин, Ирска (www.channelsight.com) за следење. Информациите во врска со вашата употреба на веб-страницата „Go to dealer’s website“ се префрлаат во ChannelSight сервери, се анализираат и се враќаат само како кумулативни податоци, што покажува трендови на користење на функцијата „Go to dealer’s website“.

Ве молиме имајте во предвид дека гореспоменатото следење е директно поврзано со функцијата „Go to dealer’s website“. Со употреба на копчето „Go to dealer’s website“ на нашата веб-страница, давате согласност за следење за наведените цели, и поконкретно во врска со собраните податоци од ChannelSight и продавачот, како и префрлањето на податоци од ChannelSight и продавачот до нас. Имаме законска дозвола за обработка на вашите податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Податоците за користење се бришат штом не се повеќе потребни за цели на порамнување на провизија и анализи.

Откажување: Ако не сакате да се извршува следење, избришете ги колачињата поставени од нашата веб-страница (преку поставките во вашиот интернет прелистувач) и не користете го повеќе копчето „Go to dealer’s website“ (Оди на веб-страницата од продавачот). Можете рачно да ја посетите онлајн продавницата со внесување на нивната адреса во вашиот прелистувач или преку пребарувач.

Алатка за веб-анализа: Mouseflow

За помош при соодветно дизајнирање на нашата веб-страница, може да собереме кориснички податоци поврзани со вашата посета на нашата веб-страница преку колачиња за анализа и друга технологија. За таа цел, ги снимаме движењата на глувчето и кликовите од случајно избрани корисници на нашата веб-страница. Во текот на процесот, вашата IP адреса е скриена. Записникот со податоци од вашето користење на нашата веб-страница е случајно анализиран за да можеме потенцијално да ја подобриме нашата веб-страница.

Го користиме провајдерот на услуги Mouseflow ApS, Flaesketorvet 68, 1711 Copenhagen, Denmark за собирање на податоци за користење.

Не ги поврзуваме добиените кориснички профили со вашето име или со какви било други детали кои можат да го откријат вашиот идентитет, како што е вашата адреса на е-пошта. Имаме законска дозвола за обработка на податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679). Податоците за користењето се бришат три месеци по датумот на кој се собираат.

Откажување: Ве молиме употребете ја веб-страницата за откажување на Mouseflow преку следниот линк ако сакате да спречите собирање на податоци за користење: https://mouseflow.de/opt-out.

Споделување содржина на социјални мрежи

Содржини од нашата веб-страница може да се споделува на социјални мрежи преку интегрирани копчиња од социјалните мрежи. Сите копчиња од социјалните мрежи кои го олеснуваат споделувањето на содржината се интегрираат со користење на едноставни хиперлинкови, а не со дополнителни компоненти развиени од страна на провајдерите на социјални мрежи. Ова осигурува дека вашите податоци автоматски не се пренесуваат до сервери од социјални мрежи штом ќе пристапите до нашата веб-страница. Дополнително, кога споделувате содржина од нашата веб-страница, ние ги префрламе само оние информации до социјалната мрежа кои се потребни за споделување на содржината. Не ги префрламе личните податоци во овој контекст.

Исто така, можете да најдете едноставни линкови до нашите веб-страници на социјалните мрежи. Ако следите линк од нашата веб-страница до социјална мрежа или ако се најавите на вашата социјална мрежа за споделување на содржини од нашата веб-страница, вашите податоци ги обработува провајдерот на социјалната мрежа за која станува збор. За информации за целта и обемот на собирање на податоци, понатамошна обработка и користење од страна на провајдерот на социјалната мрежа, како и придружните права и опциите за нагодување за заштита на вашата приватност, ве молиме погледнете ги информациите за заштита на податоците кои се достапни од соодветниот провајдер.

Споделувајте содржина од нашата веб-страница на социјалните мрежи без ризикување на вашите податоци

Пребарување на продавачи со помош на Google Maps

Една од опциите која ви е достапна вас како корисник на нашата веб-страница е мапа што покажува соработнички продавачи во вашата област. Ние користиме Google Maps за прикажување на оваа мапа. Google Maps е провајдер на услуги од Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA. Подетални информации за тоа како се обработуваат личните податоци при употреба на Google Maps можете да најдете на http://www.google.de/intl/de/policies/privacy/

Ако сакате да ги прикажете соработувачките продавачи во вашата област, ќе треба да наведете локација или со рачно внесување на вашата локација или со тоа што ќе ја одредите автоматски со функцијата за геолокација на вашиот интернет прелистувач. Лични податоци не се обработуваат ако овие информации ги внесете рачно, ако не ја наведете вашата домашна адреса. За автоматско идентифицирање на локација со помош на геолокациска функција на интернет прелистувачот, потребна е обработка на вашата IP адреса. Имаме законска дозвола за обработка на вашите податоци во тој контекст со ваша согласност (член 6 (1а) од Регулатива (EU) 2016/679), која што ја бара вашиот интернет прелистувач при пристап до мапата. Ние не ја зачувуваме вашата IP адреса во овој контекст.

Случаи во кои ги пренесуваме вашите податоци

Соработуваме со одреден број провајдери на услуги за имплементирање и управување со нашата веб-страница. Внимателно ги избравме овие провајдери на услуги и склучивме договор за заштита на податоци со секој посебен провајдер на услуги за да ги заштитиме вашите податоци.

Соработуваме со следните на провајдери на услуги за имплементирање и управување со нашата веб-страница:

• Провајдер на хостинг услуги
• Провајдер на услуги за програмирање
• Провајдер на продажни и маркетинг услуги
• Провајдер на услуги за директна линија за помош

Ние ги пренесуваме вашите податоци на други примачи само кога е потребно да се придржиме до договорот со вас, каде што ние или примателот има легитимен интерес за откривање на вашите податоци или каде што сте дале своја согласност за тој пренос. Овие примачи се провајдери на услуги и други компании во нашата корпорација. Исто така, податоци може да се пренесат до други примачи во случај да се обврзани со законски одредби или правосилни административни или судски налози.
Други примачи на вашите податоци се:

• Шпедитери за доставување/собирање на производи
• Провајдери на услуги за процесирање на плаќања
• Провајдери на услуги на управување со побарувања

Сите провајдери на услуги кои ги обработуваат вашите податоци во склоп на нашата веб-страница се внимателно избрани и обврзани да ги запазат стандардите за заштита на податоци

Пренесување до примачи надвор од ЕЕО
Исто така, ние пренесуваме податоци до примачи надвор од ЕЕО, во т.н. земји во развој. Во овој случај, ние гарантираме ‒ пред да се споделат податоци ‒ дека примачот се придржува до соодветно ниво на заштита (на пример, врз основа на одлука за адекватноста што ја направи Комисијата на ЕУ за соодветната земја или стандардни ЕУ договорни клаузули меѓу Европската унија и примачот) или дека сте дале своја согласност за споменатото споделување.
Ние со задоволство ќе ви доставиме преглед од примачите во земјите во развој и копија од конкретните одредби кои обезбедуваат соодветна заштита на податоци. За вакво барање, Ве молиме користете ги контактните информации дадени на крајот од овие Информации за заштита на податоци.

Вашите податоци ги пренесуваме на примачи надвор од ЕУ само кога нивата заштита е гарантирана

Поглавје 3: Права на корисник

Вашите права

Во случај да имате причина за жалба, подолу може да ги најдете краток преглед на вашите права. За користење на ова право, ве молиме користете ги контактните информации дадени на крајот од овие Информации за заштита на податоци.
Вашето право на информации за вашите податоци
На ваше барање, ние ќе ви доставиме информации за податоците кои ги имаме за вас.

Вашето право за корекција и дополнување на вашите податоци
Ние ќе поправиме неточни информации за вас ако соодветно нè известите за тоа. Ние ќе ги дополниме нецелосните податоци ако соодветно нè информирате, и доколку овие информации се неопходни за намената за обработка на вашите податоци.

Вашето право да ги избришете вашите податоци
На ваше барање, ние ќе ги избришеме податоците кои ги имаме за вас. Сепак, некои податоци ќе бидат избришани само во зависност од дефинираниот период на задржување, на пример, бидејќи сме законски обврзани да ги чуваме податоците во некои случаи, или затоа што податоците ни се потребни за да ги исполниме договорните обврски кон вас.

Вашето право да ги блокирате вашите податоци
Во некои законски одредени случаи, ќе ги блокираме вашите податоци ако тоа го побарате од нас. Блокирани податоци се подложни на многу ограничено понатамошно обработување.

Вашето право на повлекување согласност
Можете да ја повлечете согласноста што сте ја дале за идна обработка на вашите податоци во кое било време. Заради тоа, легалноста на обработката на вашите податоци останува непроменета до моментот на повлекување на вашата согласност.

Вашето право да не дозволувате обработка на вашите податоци
Можете да не дозволувате идна обработка на вашите податоци во кое било време, ако вашите податоци ги обработуваме во согласност со една од правните основи утврдени во член 6 (1е или 1f) од Регулативата (EU) 2016/679. Во случај да поднесете приговор, ние ќе престанеме да ги обработуваме вашите податоци, под услов да немаме релевантни и легитимни основи за понатамошна обработка. Обработката на вашите податоци за цели на директен маркетинг за нас не претставува релевантна и легитимна основа.

Вашето право на пренесување на податоци
На ваше барање, ние можеме да ви дадеме одредени информации во структуриран, најчесто користен и машински-читлив формат.

Вашето право на жалба до регулативен орган
Можете да поднесете жалба во врска со заштита на податоци кај орган за заштита на податоци. За да го сторите тоа, контактирајте го органот за заштита на податоци одговорен за вашето место на живеење или органот за заштита на податоци под чија надлежност спаѓаме ние (именуван подолу).

Republika Slovenija, Informacijski pooblaščenec, www.ip-rs.si

За да обезбедите целосна контрола над вашите податоци, имате сеопфатна листа на права кои можете да ги користите за да управувате со начинот на кој ги обработуваме вашите податоци

Контактни информации за сите прашања поврзани со заштита на податоци

Ако имате какви било прашања поврзани со заштита на податоци или остварување на вашите права, употребете ги следните информации за да стапите во директен контакт со нашиот референт за заштита на податоци:

BSH Hišni aparati d.o.o. Nazarje
Data Protection Officer
Savinjska cesta 30
3331 Nazarje

DataProtection-SI@bshg.com

Ве молиме слободно контактирајте го нашиот референт за заштита на податоци ако имате прашања во врска со заштита на податоци.

Измени во овие Информации за заштита на податоци

Овие Информации за заштита на податоци ја прикажуваат моменталната состојба во врска со обработка на податоци на нашата веб-страница. Во случај на измени во обработката на податоци, овие Информации за заштита на податоци ќе бидат соодветно ажурирани. Ние секогаш ја даваме најновата верзија на овие Информации за заштита на податоци на нашата веб-страница, за да можете да дознаете за обемот на обработката на податоците на истата.

Важи од: 25.05.2017

Верзија: DPI_1.0_1.0